Приоритет на Евролигата е да ја заврши сезоната

Од:

Акционерите во Евролигата сакаат сезоната да заврши, но исто така признаваат дека за да се случи ова, натпреварите најверојатно ќе се одржат по мај, со промена во форматот на турнирот. Очигледно, во овој момент на време не постои начин да се обнови сезоната на 11 април, како што првично најавуваше Евролигата.

Четиричасовната конференција не даде точни датуми за кога сезоната може да се продолжи, но потврдена е и волјата таа да не биде откажана.

– Турнирите ќе бидат продолжени кога ситуацијата ќе овозможи оптимални услови за здравје и безбедност на сите учесници, по препораките на релевантните здравствени органи и локалните власти. Приоритет е сезоната на Евролигата 2019/20 да заврши со постојниот формат, што значи доигрување на преостанатите натпревари од редовната сезона, плеј-офот и Ф4. Ова најверојатно значи дека сезоната ќе заврши по првично закажаните мајски датуми, а фреквенцијата на дуелите, доколку е потребно, ќе биде скратена. Истиот приоритет се однесува на Еврокупот, се вели во заклучоците од средбата.

Би можело да ве интересира

Досега од коронавирус се заразени 31.074.026 лица, починале 962.709 пациенти

Ана Ололовска

СЗО одобри испитување на африканските растителни лекови за Ковид-19

Ана Ололовска

Протести во Мадрид поради новите рестриктивни мерки

Ана Ололовска

За Британците кои ќе ги прекршат новите правила на самоизолација предвидени се казни и до 10.000 фунти

Ана Ололовска

Индепендент: Жителите на Лондон можеби ќе мора да работат од дома неделава

Ана Ололовска

Група француски пратениците повикуваат на „масовна“ вакцинација против сезонскиот грип

Ана Ололовска