Претстојниот викенд КЛ 7 домаќин на меѓународен ракометен турнир

Од:

Ракометниот клуб КЛ7 од 24 до 26 јануари ќе биде организатор и домаќин на „Меѓународен турнир за млади категории КЛ7 2020“. На турнирот, покрај домаќинот ќе учествуваат и екипите на Вардар, Металург, Еурофарм и ПИК Сегед од Унгарија.

Екипите ќе бидат поделени во две категории: 2002 и помлади, 2004 и помлади.

Во првата категорија (2002) ќе се натпреваруваат: КЛ7, Пик Сегед, Металург и Еурофарм Пелистер.

Во втората категорија (2004) ќе се натпреваруваат: КЛ7, Пик Сегед, Вардар и Металург.

Турнирот ќе се игра во спортската сала „Архиепископ Доситеј“ во Кисела Вода, а свечено ќе го отвори најпознатиот македонски ракометар Кирил Лазаров.

Би можело да ве интересира

Познат изгледот на шеширите за баражите за СП 2021, С. Македонија во групата неносители

Ана Ололовска

Втора победа за македонските кадети на Медитеранските ракометни игри во Атина

Ана Ололовска

Жељко Бабиќ: Еурофарм Пелистер во полна сала подготвен за реванш против Нексе

Ана Ололовска

Никола Митревски од РК Еурофарм Пелистер најдобар битолски спортист за 2019 година

Ана Ололовска

Металург и КЛ7 најуспешни на меѓународниот ракометен турнир „КЛ7 2020“

Ана Ололовска

ФФМ со поддршка за македонските ракометари

Ана Ололовска