Претсезонски семинар за кошаркарски судии

Од:

Судиската комисија на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, во рамки на редовните годишни активности, ќе организира претсезонски семинар за сите кошаркарски судии.

Освен кошаркарските судии, со семинарот ќе бидат опфатени и помошните судии, делегати и делегати – контролори.

Во соопштението на КФСМ се вели дека покрај предавањата и толкувањата на правилата на кошаркарската игра и презентацијата на пропозициите за натпреварување, за судиите ќе биде спроведен тест за проверка на знаење од правилата на кошаркарската игра, како и тест за физичка подготвеност.

Што се однесува до делегатите и делегатите-контролори ќе биде спроведен тест за познавање на Пропозициите за натпреварување и проверка на знаење од правилата на кошаркарската игра. Семинарот ќе се одржи во период од 30 август до 1 септември 2019 година во Скопје.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он