Претседателот на Милан: Утопично е да се очекува брзо заживување на клубот

Од:

Претседателот на Милан, Паоло Скарони, ја смета утописка можноста клубот брзо да се врати на својата стара слава со оглед на кризата на „Росонерите“ во последните години.

Тој зборува и за други теми поврзани со тимот и локалниот фудбал.

– Се надевав дека Купот на Италија ќе се игра во август за подобар рестарт. Два натпревари полни со адреналин веднаш по паузата се многу стресни за играчите. Компромисот конечно беше постигнат на 12 јуни и јас останувам оптимист. Во лигата сите едногласно гласавме за обновување на сезоната. Ние сме подготвени да играме што е можно поскоро. Засега, имаме доверба во Стефано Пиоли. Не знам дали ќе пристигне германскиот ментор. Иван Газидис ги носи решенијата. Јас дури и не знам кога тој разговара со други кандидати. Имаме верба во Пиоли и Паоло Малдини. Останувам фокусиран на планот „А“ за првенството, па се надевам дека нема потреба од план „Б“ или план „Ц“. Оваа дебата не ме возбудува многу. Фокусиран сум на враќање и завршување на шампионатот на теренот. Сигурен сум дека ќе се ослободиме од коронавирусот релативно брзо, вели Скарони.

Во однос на клубот, шефот вели дека направиле неверојатен напор да ги намалат трошоците и дека токму директорот Газидис се фокусирал на тоа.

– Иднината се состои од млади играчи по разумни цени. Не сакаме повеќе санкции на УЕФА. Финансискиот фер-плеј го спречува лудилото. Така можеме да видиме помалку луд свет. Милан сака да ги задржи трошоците на ниско ниво и да ги зголеми приходите. Клубот излегува од долг период на криза. Се чини дека е утопично да се мисли дека преродбата може да се постигне брзо, смета претседетлот на „црвено-црните“.

Според него, приоритет е новиот стадион во Милано и се надева дека наскоро ќе има позитивни вести.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ