Претседателот на Лион не ја отфрли можноста Бензема да се врати во клубот

Од:

Претседателот на Лион, Жан Мишел Олас изјави дека напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема може да се врати во францускиот клуб.

dobivaj vesti na viber

– Карим никогаш порано не играл на нашиот нов стадион. Во иднина, кога ќе ја завршува кариерата, ќе има можност да ја зајакне својата врска со клубот. Бензема има исклучителна кариера во Реал Мадрид и француската репрезентација. Тој е голема гордост, бидејќи тој е дете на Лион, изјави Олас за „Goal“.

Бензема во јули 2009 година од Лион се пресели во Реал Мадрид.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува моменталната цена на 33-годишниот Французин на 25 милиони евра. Договорот на фудбалерот со „Кралскиот клуб“ важи до крајот на јуни 2023 година.

Би можело да ве интересира

Бензема осуден на една година затвор условно за уцена на Валбуена

Ана Ололовска

Бензема: Се надевам дека ќе ја добијам Златната топка

А1он

Побарана десетмесечна казна затвор за Бензема

А1он

Адвокатот на Бензема за интимната снимка: Од мува направивте слон, Валбуена му завидува на мојот клиент

Ана Ололовска

Дешам: Бензема докажа дека е клучен играч во националниот тим, тој значително созреа

А1он

Реал Мадрид го продолжи договорот со Бензема до 2023 година

А1он