Премиер лигата во преговори со владата за враќање на фановите на стадионите

Од:

Раководството на англиската Премиер лига започнало преговори со Британската влада во врска со прашањето на враќањето на гледачите на стадионите, изјави денес директорот на лигата Ричард Мастерс.

Елитното англиско фудбалско натпреварување продолжува утре (17 јуни) по 100-дневна пауза поради пандемијата на коронавирусот, а натпреварите ќе се играат без публика.

Мастерс не соопшти за времето за кое се преговара во врска со враќањето на фановите на стадионите, но потврди дека преговорите се во тек.

„Премиер лигата се враќа, но тоа враќање нема да биде целосно без тие гледачи внатре во стадионите,“ рече Мастерс.

„Едвај чекаме да ги видиме гледачите вратени на стадионите во првата пригода кога тоа ќе биде безбедно и соодветно да се направи,“ додаде тој.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ