Премиер лига: 35 голови во 38. коло

Од:

Премиерлигашите попладнево го одиграа последното 38. коло во кое беа постигнати 35 голови, а најмногу имаше во Бирмингем на дуелот меѓу ВБА и Манчестер Јунајтед – вкупно 10.

Во борбата за Лигата во шампионите Челзи ја задржа предноста во однос на Арсенал, откако победи со 2:1 против Евертон.

Денешниот ден беше последен работен за менаџерот на Манчестер Јунајтед Сер Алекс Фергусон и за легендата на Ливерпул, Џејми Карагер.

Во Лигата на шампионите ќе играат: Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Челзи и Арсенал (квалификации).

Во Лига Европа ќе играат: Тотенхем, Свонси и Виган, а Премиер лигата ја напуштаат: Виган, Ридинг и КПР.

Резултати од последното 38.коло од Премиер лигата:  Челзи – Евертон 2:1 , Ливерпул – КПР 1:0, Манчестер Сити – Норвич 2:3, Њукасл – Арсенал 0:1, Саутемптон – Стоук 1:1, Свонси – Фулам 0:3, Тотенхем – Сандерленд 1:0, ВБА – Манчестер Јунајтед 5:5, Вест Хем – Рединг 4:2 и Виган – Астон Вила 2:2.

Конечна табела: Манчестер Јунајтед 89 бодови, Манчестер Сити 78, Челзи 75, Арсенал 73, Тотенхем 72, Евертон 63, Ливерпул 61, ВБА 49, Свонси 46, Вест Хем 46, Норвич 44, Фулам 43, Стоук 42, Саутемптон 41, Астон Вила 41, Њукасл 41, Сандерленд 39, Виган 36, Рединг 28, КПР 25.

Би можело да ве интересира

Солскјер: Погба ќе остане во Манчестер јунајтед

Ана Ололовска

Челзи на Лампард продолжува без победа

Ешли Кол го објави своето пензионирање од фудбалот

Гвардиола повторно незадоволен од ВАР

Драма, скандали и реми помеѓу Сити и Тотенхем

Ван Перси: Го напуштив Арсенал затоа што не ми понудија нов договор

Leave a Comment

fifteen − three =