Преку 100 играчи од 18 држави на ИТТФ челенџ турнирот во Скопје

Од:

Во Скопје во тек е ИТТФ челенџ турнир во пинг понг за кадети и јуниори. По тој повод, Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција на која свои излагања имаа директорот на АМС Дарко Каевски, претседателот на Пинг Понг федерацијата на РСМ Горан Тиловски, како и претседателот на светската пинг-понг федерација Томас Вајкарт.

– По одржувањето на Балканското првенство во Скопје во текот на јуни со рекорден број држави учесници, 12, Скопје и Пинг Понг федерацијата на Северна Македонија се домаќини на првиот турнир под покровителство на ИTТФ, Отвореното првенство на Северна Македонија за јуниори и кадети. Одржување на настани од ваков ранг укажува на податокот за зголемениот интерес за пинг понг во државава, но и за успешност во работата и менаџирањето во Пинг Понг федерацијата, изјави Каевски.

Претседателот Томас Вајкарт (ИТТФ) изрази огромна благодарност првенствено за гостопримливоста на домаќините, чија држава ја посетува прв пат и е позитивно изненаден од организацијата, бројот на земји учеснички, но и од поддршката која државата ја дава на Пинг Понг федерацијата во организација на настани од училишен спорт, па се до сениорски натпреварувања.

– Земјите од Балканот имаат огромна традиција за пинг понг, а моите очекувања се да ја посетам вашата земја и идната година, кога водени од позитивните реакции на ИИТФ за успешните реализации на манифестациите годинава, ќе можете да се изборите за нови натпреварувања од уште повисок ранг, изјави Вајкарт.

Пинг Понг федерацијата обезбеди четири директни линкови преку кои љубителите на пинг понгот преку каналот во живо (You tube) ќе можат да ги следат натпреварите од турнирот.

– Над 100 учесници и 50 официјални лица од повеќе од 20 земји од светот (Шведска, Индија, Норвешка, Шпанија, Италија, Словачка, Чешка, Хрватска, Перу, Србија, Бугарија …) се пристигнати во Скопје и се борат за титулите на овој турнир, а доаѓањето на високи официјални лица од Светската и Европската пинг понг федерација треба да обезбеди дополнителен мотив за развој на овој спорт во државава, изјави пртетседателот на Пинг Понг федерацијата на РСМ Горан Тиловски.

Би можело да ве интересира

Заврши Меѓународниот турнир во пинг-понг Зегин Опен 2023

Меѓународната пинг-понг федерација ќе сертифицира 12 македонски тренери, ниво 2

Станојковски и Николов ги одбранија титулите Државен првак во пинг понг

Ана Ололовска

Втор меѓународен меморијален турнир Илија Карески

Ана Ололовска

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

Отворени меѓународните турнири во пинг -понг и голбал за спортисти со телесен инвалидитет и лица со оштетен вид

Ана Ололовска