Прандели нов тренер на Џенова

Од:

Чезаре Прандели е новиот тренер на Џенова, соопшти клубот во Твитер.

Поранешниот селектор на Италија ќе го одржи својот прв тренинг со својот нов тим попладнево. Претходно, Прандели работеше во Ал Наср.

Под негово раководство, Италија освои сребрен медал на Еврото 2012.

Џенова во четвртокот испадна од Купот на Италија, откако загуби од третолигашот Виртус Ентела по изведувањето на пенали. Џенова доживеа дебакл на својот стадион „Луиџи Ферарис“ во натпревар од четвртото коло, а тренерот Иван Јуриќ беше сменет веднаш по мечот.

Хрватот беше на чело на Џенова од 9 октомври оваа година, заменувајќи го Давиде Балардини.

По 11 кола во Серија „А“, Џенова е на 14 место на табелата.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Фудбалер на Џенова осуден на шест години затвор за силување

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска