Познато колку ќе заработува Алексис Санчез во Интер

Од:

Италијански Интер се договори со чилеанската sвезда Алексис Санчез за нето плата од 4,5 милиони евра, според новинарот Николо Шира.

Сумата може да достигне до 6,5 милиони евра со разни бонуси, пишува Шира на Твитер. Актуелниот клуб на Санчез – Манчестер Јунајтед ќе го плаќа остатокот од платата на Јужноамериканецот

Се очекува Санчез да премине на „Меаца“ на изнајмување, а „нероазурите“ ќе можат трајно да го привлечат за 15 милиони евра, изјави Шира.

Триесет годишниот Чилеанец игра на „Олд Трафорд“ од јануари 2018 година кога пристигна од тимот на Арсенал. Санчез, сепак, досега разочаран со неговите настапи во дресот на „црвените ѓаволи“ и се чини дека нема иднина во „Театарот на соништата“.

Искусниот напаѓач, кој има 130 натпревари и 43 голови за репрезентацијата на Чиле, веќе играше во Серија „А“ со екипата на Удинезе. Тогаш ги покажа своите несомнени квалитети, по што се пресели во Барселона, а потоа и во Арсенал.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска