Познатиот југословенски кошаркар Миленко Савовиќ почина од Ковид-19

Од:

Српскиот и југословенски кошаркар и репрезентативец на поранешна Југославија, Миленко Савовиќ, почина денеска од последиците на Ковид-19, на 61-годишна возраст, соопшти неговиот поранешен клуб Партизан.

Савовиќ пред еден месец беше хоспитализиран поради компликации од Ковид-19.

Омилен меѓу навивачите на белградски Партизан и познат под прекарот „Свети Сава“, Савовиќ со голем успех го носеше „црно – белиот“ дрес од 1977 до 1989 година. Со екипата на Партизан освои три шампионски титули во поранешна Југославија и исто толку трофеи во Купот „Радивоје Кораќ“, пред да замине во шпанската екипа Гранада, а кариерата ја заврши во 1991 година во Војводина.

Савовиќ ја извршуваше должноста спортски директор на Партизан во сезоната 1991/92 кога белградскиот клуб стана европски првак.

Тој беше и репрезентативец на поранешна СФРЈ, настапувајќи на Европското првенство во 1983 година во Франција. 210 сантиметри високиот центар во 1982 година бил пријавен за драфтот во НБА лигата, но не бил избран.

Би можело да ве интересира

Почина академик Богомил Ѓузел

Ана Ололовска

Почина британската актерка Хелен Мекрори, ѕвездата од серијата „Peaky Blinders“

Жарко Настоски

Ламаркус Олдриџ предвреме ја завршува кариерата поради срцеви проблеми

Жарко Настоски

Почина актерот што го глумеше таткото на Тони Сопрано

Жарко Настоски

Раперот DMX почина по предозирањето со дрога

Жарко Настоски

Почина м-р Јаким Ивановски

Ана Ололовска