Познати уште три учесици во 1/8 финалето од Лигата на шампионите

Од:

Екипите на Барселона, Валенсија и Баерн Минхен на коло до крајот од групната фаза обезбедија пласман во осминафиналето од фудбалската Лига на шампиони и им се приклучија на Манчестер Јунајтед, Порто и Малага.

Барселона победи на гостувањето во Москва кај Спартак, додека поразот на Бате Борисов од Лил пред својата публика, го искористија Валенсија и Баерн кои одиграа нерешено, доволно за пласман во следната фаза.

Резултати од натпреварите од 5.коло во Лигата на шампионите одиграни синоќа и табели во групите Е,Ф, Г и Х:

Група Е: Јувентус – Челзи 3:0 и Нордсјиланд – Шахтјор Доњецк 2:5.

Табела: Шахтјор Доњецк 10 бодови, Јувентус 9, Челзи 7 и Нордсјиланд 1.

Група Ф: БАТЕ Борисов – Лил 0:2 и Валенсија – Баерн Минхен 1:1.

Табела: Баерн Минхен 10 бодови, Валенсија 10, БАТЕ Борисов 6 и Лил 3.

Група Г: Спартак Москва – Барселона 0:3 и Бенфика – Селтик 2:1

Табела: Барселона 12 бодови, Бенфика 7, Селтик 7 и Спартак Москва 3.

Група Х: Галатасарај – Манчестер Јунајтед 1:0 и Клуж – Брага 3:1.

Табела: Манчестер Јунајтед 12 бодови, Галатасарај 7, Клуж 7, Брага 3.

Денеска се играат натпреварите од 5.коло во првите четири групи.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска