Европската ракометна федерација (ЕХФ) во соработка со клубовите четвртфиналисти на Лигата на шампионите и ТВ куќите кои вршат пренос ги објави термините и саатниците за натпреварите од Топ-8 фазата.
Првиот меч меѓу македонскиот шампион Вардар и германски Флензбург се игра на 22 април (сабота) во „Фленс Арена“ во Флензбург во 17:30 часот.
Реваншот е во Скопје на 27 април (четврток) со почеток во 19 часот.
Победникот од овој двомеч ќе игра на Ф4 турнирот во Келн, Германија.