Познати првите учесници на кошаркарската Лига на шампиони

Од:

Започна процесот на аплицирање за кошаркарската Лига на шампиони за сезоната 2020/2012 година и некои големи европски клубови веќе се регистрираа да играат во петтата сезона од ова натпреварување, со тоа што неколку шампиони и водечки клубови низ целиот континент сакаат да се приклучат.

Паралелно со планирањето на осминафиналето од сезоната 2019/2020, што ќе се одржи од 30 септември до 4 октомври, Лигата на шампионите го отвори процесот на прифаќање на клубовите во сезоната 2020/2021, а неколку клубови веќе потврдија дека ќе играат во ова натпреварување.

Дарушафака ќе го направи своето деби овој октомври, по солидната сезона во турскиот шампионат.

Клуб кој има силни домашни и европски резултати (освои две турски првенства и Еврокупот во 2018 година) како и второпласираниот тим оваа сезона во Купот на Турција.

Во Шпанија, Билбао реши да се пријави за натпреварувањето, откако обезбеди место во плеј-офот и место во четвртфиналето на Кралскиот Куп во АЦБ-лигата.

Литванскиот клуб Ритас од Вилнус е еден од новите клубови во натпреварувањето.

Клубот има импресивни рекорди со пет литвански првенства и два УЛЕБ купови.

– Со задоволство ги поздравуваме овие врвни клубови, кои играат во некои од најсилните лиги во Европа, во Лигата на шампионите и убеден сум дека тие ќе донесат нешто посебно оваа сезона – рече генералниот директор на натпреварувањето, Патрик Комнинос.

Нивното присуство, според него, го потврдува успешниот раст и развој на конкуренцијата и изрази задоволство дека се повеќе клубови се убедени во пан-европската природа на Лигата на шампионите и нејзиниот фокус да се создаде големо меѓународно натпреварување засновано на резултатите од клубовите.

– Презадоволни сме што гледаме се повеќе клубови со амбиции да го освојат големиот европски трофеј и тоа што тие ја одбраа ЛШ да ги остварат своите соништа, заврши Комнинос.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ