На европскиот јуниорски шампионат за ракометарки до 19 години, што се одржува во Словенија, познати се полуфиналните двојки.
Во борбата за медали ќе играат, Унгарија – Франција и Данска – Русија.
Ова е исходот по одигрувањето на средбите од последното коло во втората рунда од групната фаза, во која овие четири селекции ги освоија првите две места во своите групи.
Денеска на првенството е слободен ден, а полуфиналните средби ќе се играат утре во термините од 15:00 и 17:30 часот.
Утре пак од 14:30 часот селекцијата на Македонија ќе игра против Португалија во меч од разигруваат за пласман од 13 до 16 место во кое втората двојка ја сочинуваат Србија и Хрватска.