Познати половина четвртфиналисти во тенискиот Дејвис куп

Од:

Тениските селекциите на Австралија, Франција, Србија и САД, се првите кои обезбедија пласман во четвртфиналето на Дејвис купот.

Веќе завршија два дуели од првото коло. Селекцијата на Австралија со 4-1 во победи го доби дуелот со 4-то рангираната селекција на Чешка. Со ист резултат, 4-1 во добиени мечеви. победа славеа и Французите на гостувањето кај Јапонија.

Место во следната рунда веќе имаат обезбедено Србија во дуелот против Русија, како и Американците кои ги надиграа тенисерите на Швајцарија, кои по двата натпреварувачки дена водат со 3-0, па така денешните мечеви во поединечна конкуренција на овие дуели ќе бидат само чиста формалност.

Но, затоа на останатите дуели ќе се води голема борба за влез во четвртфиналето.

Бранителот на трофејот во Дејвис купот, селекцијата на Аргентина, на домашен терен има негатива од 1-2 во дуелите со италијанските тенисери. Минатогодишниот финалист Хрватска води со 2-1 против Шпанија, а предност од 2-1 на гостински терен имаа и Велика Британија против Канада, односно Белгија во дуелот со Германија.

Во четвртфиналето Австралија ќе игра против селекцијата на САД, а Франција за противник ќе го има победникот од дуелот Велика Британија – Канада. Србија во четвртфиналето го пречекува подобриот до мечот Хрватска – Шпанија, а последната четвртфинална двојка ќе ја сочинуваат победниците од дуелите меѓу Аргентита и Италија, односно Белгија и Германија.

Би можело да ве интересира

Русија го освои Дејвис Купот 2021

Ана Ололовска

Русија избори финале против Хрватска во Дејвис купот

Катерина Ѓуровски

Македонските тенисери изборија промоција во Дејвис купот

Ана Ололовска

АТП ги одложи Дејвис и Федерејшн купот за идната година

Жарко Настоски

Хрватските тенисери се пласираа на финалниот турнир во Дејвис купот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шпанија го освои Дејвис купот

Ана Ололовска