Познати финалистите во Токио, во Пекинг се играат полуфиналињата

Од:

На далечниот исток, во Токио и Пекинг се играат силни АТП турнири и тие се пред завршница.

На турнирот во Токио (Јапонија) по денешните полуфинални мечеви познати се двајцата финалисти.

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро во полуфиналето го победи Николас Алмагро (Шпанија) со 2:0 – по сетови 7:6 и 7:6.

Противбник во финалето ќе му биде Милош Раониќ (Канада) кој во полуфиналето исто така со 2:0 – по сетови 7:6 и 6:1 го совлада Хрватот Иван Додиг.

И во Пекинг (Кина) се игра АТП турнир. Според последните информации Томаш Бердих (Чешка) го предал мечот на Рафаел Надал (Шпанија) при резултат 4:2 за Шпанецот во првиот сет.

Противник на Надал во финалето ќе биде подобриот од мечот Новак Ѓоковиќ (Србија) – Ришар Гаске (Франција).

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен