Повторно загрозено тренерското место на Жардим во Монако

Од:

Монако синоќа загуби од Олимпик Марсеј (3:4) на домашен терен во натпревар од 5. коло на француското првенство и по пет кола остана без победа на претпоследното место. Поради слабите резултати веќе почнаа шпекулации за разрешување на тренерот Леонардо Жардим.

Раководството на Монако планира во октомври да разговара за судбината на тренерот.

– Одлука за неговата иднина во клубот од Кнежеството ќе биде донесена кога ќе има пауза во првенството поради термините за репрезентативни настапи, пренесува Франс Фудбал.

За потсетување, Жардим се врати на функцијата главен тренер во тимот во јануари оваа година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска