Повеќе од 150 фудбалери се заразија од Ковид-19 во бразилската лига

Од:

Новата сезона во бразилскиот шампионат започна минатиот викенд, иако во таа земја сè уште има огромен број на заразени со коронавирус.

По натпреварите во неделата и понеделникот, сите фудбалери беа тестирани и резултатите покажаа дури 151 позитивен случај, поради што првенството веројатно ќе биде прекинато.

Најтешка е ситуацијата во Коринтијанс, каде се заразени 23 играчи, односно практично целиот прв тим.

Гојас има еден помалку заразен, а најмалку позитивни се во Брагантино и Атлетико Минеиро, кои имаат по еден заразен фудбалер.

Гојас, Коринтијанс и неколку други клубови со многу заразени дури и не играле овој викенд и скоро е сигурно дека следното коло закажано за четврток нема да се одигра. Засега нема вести за посериозни случаи и повеќето играчи не покажуваат никакви симптоми.

Бразил стана втора земја во светот по бројот на случаи на инфекција со коронавирус по САД.

Бројот на заразени во таа земја надмина три милиони, а повеќе од 100.000 луѓе починаа досега.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ