Потврдена доминација на првопласираните три екипи во пингпонгарската Суперлига

Од:

Во пингпонгарската Суперлига викендов на распоредот беше четвртото турнирско соочување во кое се одиграа шестото и седмото коло.

Фаворитите не дозволија изненадување и го зацврстија своите места на табелата.

Со максимален учинок седум победи од исто толку натпревари екипата на Младост 96 е најсигурен кандидат за да презими на првото место на табелата.

Следното, осмо коло на 18 октомври ќе одлучи дали Шампион Фа или Младост ќе биде второпласирана екипа на крајот од есенскиот дел од првенството.

На дното на табелата се наоѓа екипата на Струга кои во досегашниот тек на првенството нема забележано победа

Резултати Суперлига 6. коло:
Работнички – Струга 4:2
Вардар – Младост 2:4
Нец – Радовиш 3:4
Шампион ФА – Крива Паланка 2007 4:2
Нец 2 – Младост 96 2:4

Резултати Суперлига 7. коло:
Младост 96 – Работнички 4:0
Крива Паланка 2007 – Нец 2 2:4
Радовиш – Шампион ФА 2:4
Младост – Нец 4:2
Струга – Вардар 1:4.

Би можело да ве интересира

Заврши Меѓународниот турнир во пинг-понг Зегин Опен 2023

Меѓународната пинг-понг федерација ќе сертифицира 12 македонски тренери, ниво 2

Станојковски и Николов ги одбранија титулите Државен првак во пинг понг

Ана Ололовска

Втор меѓународен меморијален турнир Илија Карески

Ана Ололовска

Отворени меѓународните турнири во пинг -понг и голбал за спортисти со телесен инвалидитет и лица со оштетен вид

Ана Ололовска

Одиграни 4 кола од регуларниот есенски дел од пингпонгарската Супер лига – мажи и Прва лига мажи

Ана Ололовска