Последно коло од главната фаза на Европското првенство во ракомет

Од:

На Европското првенство во ракомет денеска на програмата се дуелите од 3.коло во двете групи, по кои ќе бидат познати и полуфиналистите како и конечниот пласман на селекциите кои ќе се пласираат од 9-12.место.

Македонија во рамките на групата 1 од 16 часот игра против селекцијата на Белорусија со цел да ја постигне првата победа на шампионатот.

Во групата 1 во Краков каде игра Македонија од 18:15 часот е првиот дуел за полуфинале каде играат европскиот првак Франција и Норвешка.
На Франција и е потребна победа за полуфинале, додека на Норвешка и одговара и нерешено.

Во Вечерниот термин играат селекциите на Полска и Хрватска. Полска со победа ќе биде полуфиналист, додека Хрватска има само теоретски шанси.

Во групата 2 што се игра во Вроцлав најблиску до полуфиналето е Данска, која игра со Германија и со нерешено е во полуфиналето. Шпанија за противник ја има Русија, додека Шведска игра против Унгарија.

Табела група 1: Норвешка 7 бодови, Франција 6, Полска 6, Хрватска 4, Македонија 1, Белорусија 0.

Табела група 2: Данска 7 бодови, Германија 6, Шпанија 6, Русија 3, Шведска 2, Унгарија 0.

Распоред на натпревари:

Група 1: Македонија – Белорусија, Франција – Норвешка, Полска – Хрватска.

Група 2: Шведска – Унгарија, Германија – Данска, Шпанија – Русија.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ