Екипата на Портланд постигна победа ноќеска во дуелот со Сан Антонио и со тоа остана меѓу четирите првопласирани екипи на „Запад“.
Предводници на триумфот беа ЛеМаркус Олдриџ и Дамиан Лилард. Олдриџ го оствари 13.тиот „дабл-дабл“ сезонава со 23 поени и 14 скокови, додека Лилард имаше 23 поени и за него рекордни 10 скокови.
Сан Антонио и овој натпревар го одигра без клучните играчи Тим Данкан, Тони Паркер и Ману Џинобили.
Резултати на ноќешните дуели од НБА лигата: Портланд – Сан Антонио 108:95, Кливленд – Шарлот 97:88, Индијана – ЛА Лејкерс 110:91, Филаделфија – Бостон 87:105, Атланта – Чикаго 93:86, Торонто – Орландо 95:82, Феникс – Милвоки 94:96 и ЛА Клиперс – Детроит 113:91.
Двојки за вечерва: Вашингтон – Минесота, Бруклин – Мајами, Мемфис – Голден Стејт, Њу Орлеанс – Јута, Њујорк – Далас и Сакраменто – Оклахома Сити.
Пласман Источна конференција: Торонто 19-6 (победи-порази), Вашингтон 17-6, Атланта 17-7, Чикаго 15-9, Кливленд 14-9,…
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 21-2, Мемфис 19-4, Хјустон 18-5, Портланд 19-6, ЛА Клиперс 17-7, Сан Антонио 17-8, Далас 17-8,…