За купувачите на актуелниот модел „911 Карера С“, „Порше“ подготви опциски пакет со подобрување со кој стигнуваат повеќе коњски сили, подобри сопирачки и нов издувен систем.
Најинтересен дел од најновиот опциски пакет на „Порше“ за актуелната „Карера“, без оглед на избраната каросериска верзија и видот на погонот, сигурно се дополнителните 30 коњски сили, трилитарскиот шестцилиндричен боксер мотор опремен со турбо полначи и рекалибрирана централна управувачка единица. Во овој случај моделот располага со 450 коњски сили, што го става рамо до рамо со моторот кој го покренува неодамна претставениот модел „911 Карера ГТС“.
Со дополнителните коњски сили стигнаа адаптивни носачи на моторот, сопирачки со подобро ладење и по отворен издувен систем. „Порше“ е подготвен наведените компоненти да ги понуди и на сопствениците кои веќе ја купиле стандардната „Карера“, а единствен предуслов е за својот модел 911 да го одбрале пакетот „Спорт Хроно“.
Покрај елементите што директно влијаат на управувањето и вкупните перформанси на автомобилот, дел од приказната се неколку нови бои на каросеријата и бојата на внатрешноста, но и развиен мултимедијален систем.
Цената на пакетот изнесува околу 12.000 евра, а цената за надоместот за вградувањето се уште не е објавена.