Порази на македонските тенисери

Од:

Македонските тенисери немаа успешен настап денеска на фјучрс турнирите на кои настапуваат. Димитар Грабул во 1.коло на турнирот во Есен, Германија загуби од домашниот тенисер Филип Шолц со 6:2 и 6:4 во сетови. Во Шарм ел Шеик Бесир Дургути загуби со 6:4 и 6:3 во меч со Даниеле Капечини од Италија.

На женскиот фјучрс во Бургас, Бугарија Лина Ѓорческа поради повреда го предаде мечот од стартното коло со 8.носителка Диана Шумова од Чешка. Во моментот на прекинот резултатот беше 6:2 и 2:0 во гемови за противничката. Инаку, Шумова во неделата ја победи Ѓорческа во финалето на турнирот во Русе.
Втората македонска тенисерка Магдалена Стоилковска на главниот турнир влезе како „среќен губитник“, но во 1.коло за портивничка ја доби првата носителка Диа Ефтимова од Бугарија и загуби со 6:1 и 6:0 во сетови.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен