Тренерот Тони Надал: Секогаш беше многу тешко да играме против Ѓоковиќ

Од:

Швајцарецот Роџер Федерер е најголемиот тенисер на сите времиња, но сегашниот лидер на светската ранг-листа Новак Ѓоковиќ од Србија останува посилен противник за Рафа Надал, објави поранешниот тренер на Шпанецот – Тони Надал.

Федерер, кој ќе наполни 39 години во август, има освоено рекордни 20 Гренд-слем титули, една повеќе од Надал, кој следниот месец ќе наполни 34 години.

Ѓоковиќ, кој е најмладиот од тројцата, во петок ќе наполни 33 години и има 17 трофеи од „големата четворка“.

– За мене, Федерер е одличен тенисер. Јас сакам да го гледам. Ако не бев чичко или тренер на Рафаел, би сакал Федерер да победува на сите натпревари. Ми се допаѓа неговата игра. Тој е многу елегантен, но исто така и исклучително ефикасен. Федерер е најдобар на сите времиња, млаку по него може се Род Лејвер или Рафаел. Но, во моментот Федерер е најголем, “, рече тој. Тони Надал.

Ѓоковиќ изгледаше непоразен на почетокот на оваа сезона, која беше суспендирана во март поради пандемијата од коронавирус.

Тој го освои АТП Купот со Србија, потоа триумфираше по осми пат на Австралија опен, и ја крена титулата во Дубаи во февруари, продолжувајќи ја својата серија од 21 последователна победа во 2020 година.

Србинот има мала предност во директните натпревари против Надал со 29 успеси на 55 натпревари.

– За нас секогаш беше многу тешко да играме против Ѓоковиќ. И ова не е за тоа кој е подобар. За нас, кога игравме со Федерер, имавме идеја како да го победиме. Пред да заминеме на теренот знаевме што да правиме. Рафаел тоа го направи. Против Ѓоковиќ, сепак, многу пати немавме идеја што да очекуваме и како да се спротивставиме. За мене е покомплицирано. Затоа сакав да играме против Федерер, објасни Тони Надал.

Рафаел Надал, кој тренираше под Карлос Моја од почетокот на сезоната 2018 година од повлекувањето на Тони Надал, има 24 победи на 40 натпревари против неговиот швајцарски ривал.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се врати на теренот со победа против Флавиo Коболи

Горан Наумовски

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Директорот на Индијан Велс разочаран од потегот на Надал

Предраг Петровиќ

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он