Порака од Ферари: Не го сакаме Хамилтон

Од:

Првиот човек на “Ферари”, Матиа Биното со јавна порака за приоритетите на тимот за 2021 година – „сакаме да го задржиме Себастијан Фетел, а не да го бркаме Луис Хамилтон“.

Себастијан е наш прв избор. Тоа јасно му беше кажано во разговорите. Него го сакаме, за него размислуваме, нагласи Биното.

Запрашан дали Хамилтон е резервна опција за Ферари, ако Фетел ги одбие, Биното одговори:

“Не. Мислам дека се што имав, кажав во врска со ова. Фокусирани сме на нашите пилоти и Себ е наша опција. Не го сакаме Хамилтон.

Фокусирани сме на болидот, на зимските тестирања и на првите трки во сезоната“.

Новата сезона во “Формула 1” шампионатот ќе почне на 15 март со трка за “ГН” на Австралија.

Би можело да ве интересира

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

Хамилтон договори со Мерцедес годишна плата од 64 милиони долари

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин