Поради „Најк“, ЛеБрон ќе продолжи да го носи бр. 23

Од:

Леброн Џејмс сепак ќе продолжи да игра со број 23 за Лос Анџелес Лејкерс, иако јавно ја изјави својата намера да го отстапи на новата ѕвезда на тимот, Ентони Дејвис.

Желбата на Џејмс била осуетена од производителите на официјалната опрема на НБА – „Најк“ кои истакнале дека ваквиот потег ќе доведе до проблеми со производството, а исто така и до сериозни финансиски загуби.

Се очекуваше Дејвис да го земе број 23, а Џејмс да се врати на број 6, кој го носеше за време на престојот во Мајами, како и при учества на меѓународни натпревари со националниот тим на САД. Се уште нема јасност кој број ќе го избере Дејвис при ново создадената ситуација.

Во скоро целата кариера досега Еј Ди играл претежно со број 23 – гимназија, колеџ и НБА. Исклучок беше направен само за натпреварите на националниот тим.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа