Поради лошите резултати, Компани нема да биде тренер на Андерлехт

Од:

Винсент Компани нема да игра улога на тренер во Андерлехт, но ќе продолжи да се концентрира на својата работа на теренот, пишува белгиски „ХЛН“.

Лидерот на тимот има две реми и два порази во првите четири кола од новата сезона. Во последното коло, Андерлехт загуби на гостувањето кај Кортријк со 2:4 и со тоа го запиша најслабиот старт на сезоната во последнава 21 година.

Тимот привлече играчи како Самир Насри, Насер Шадли и Кемар Руф, но досега тоа не даде резултат на теренот.

Затоа Компани реши да се концентрира само на тоа да се претстави добро како играч и капитен на тимот. Негов наследник на функцијата е Сајмон Дејвис, кој е во штабот на дефанзивецот, а претходно беше шеф на академијата на Манчестер Сити.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Канаѓаните ги собраа аплаузите, а Белгија ја однесе победата

Мартинез за Франција: Многу напреднаа за три години, имаат по тројца супер играчи за секоја позиција во тимот

Ана Ололовска

Белгија: Прекин на сите аматерски фудбалски натпреварувања поради пандемијата

Жарко Настоски

Азар е најдобриот фудбалер во историјата на белгиската репрезентација во изборот на навивачите

Куртоа ја напушти репрезентацијата на Белгија

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Утка“ на годината во Белгија – „ѕвездата“ се вика Астер Вранкс

Жарко Настоски