Понуда од Реал за Тотенхем: Модриќ+30 милиони евра за Бејл

Од:

Реал Мадрид му понудил размена на Тотенхем која се состоела од Лука Модриќ плус 30 милиони евра за најдобриот играч на премиерлигашот од Лондон, Герет Бејл, пишува „Дејли стар“.

Оваа вест предизвика голем интерес кај навивачите на Тотенхем кои се во исчекување што ќе се случи со нивниот миленик.

Велшанецот Бејл е најзаслужниот за последните успеси на лондонскиот тим кој во моментов е третопласиран во Премиер лигата и е на добар пат да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Бејл е предводник на Тотенхем и во Лига Европа каде неговиот клуб е на прагот од четвртфиналето по убедливата победа против (3:0) Интер во првиот осминафинален дуел.

Од друга страна, Модриќ минатата година токму од Тотенхем отиде во Реал и доколку се оствари размената тој повторно би се вратил во старата средина.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ