На финалниот турнир од Светската лига 2013 во одбојка што се одржува во аргентинскиот град Мар дел Плата доцна вечерва ќе се играат двете полуфинални средби.
Најпрво од 21 часот и 30 минути по македонско време ќе играат Италија – Русија, додека од 1 часот по полноќ е почетокот на дуелот Бразил – Бугарија.
Резултати на натпреварите од последното 3.коло по групи:
Е група: Бразил – Канада 3:0.
Табела: Бразил 4 бодови, Русија 3, Канада 2.
Д група: Италија – Аргентина 3:1.
Табела: Италија 6 бодови, Бугарија 3, Аргентина 0.