Полска ја освои Светската лига

Од:

Прв пат во историјата, одбојкарската репрезентација на Полска ја освои титулата во светската лига. Тимот на Италијанецот Андре Анастазија во финалето во Софија лесно ги совлада САД со 3:0 (25:17, 26:24,25:20).

Пољаците беа подобри во сите елементи на играта, имаа поуспешен напад, сервис, одбрана и блок.

Најдобар поентер во победничката екипа беше Збигњев Бартман со 16 поени, а еден помалку имаше Бартош Курек. Американците ги предводеше капитенот Клејтон Стенли со ист учинок како Курек.

Третото место го освои Куба со победата над домаќинот Бугарија со 3:2 (25:18, 19:25, 23:25, 25:23, 15:12) Бразил е најтрофејна нација во Светската лига со девет титули, Италија има осум, а Русија две.

Репрезентацијата на Полска, која освојувајќи го пехарот доби награда од милион долари, сега е во друштво на Куба, Холандија и САД, кои веќе по еднаш имаат триумфирано во Светската лига.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ