Возбудлив старт на ЕУРО 2012, Полска – Грција 1:1

Од:

Полска и Грција одиграа возбудлив натпревар на отварањето на 14. Европско Првенство во фудбал и ги поделија бодовите, резултатот на крајот беше 1:1.

Во 17. минута Левандовски погоди за огромна радост на трибините. Тоа беше и резултат на првото полувреме. Грција остана со фудбалер помамлку но на резервистот Салпингидис тоа не му пречеше и во 51. минута изедначи на 1:1. Грците имаа шанса и за победа но Карагунис промаши пенал.

  • 90+3′ Крај на натпреварот, 1:1.
  • 89′ Контра на Левандовски, но не успева да помине сам против тројца противнички фудбалери.
  • 85′ Слободен удар за Карагунис, високо над голот.
  • 79′ Одличен старт на Пападопулос, го исфрли од игра Обраниак, кој имаше продор по десната страна.
  • 74′ Салпингидис погодува, но поништен гол заради офсајд.

  • 69′ Шчесни прави пенал над Салпингидис и добива црвен картон. На место на Рибус влегува голаманот Титон кој успева да го одбрани пеналот на Карагунис. Двете селекции се со по 10 играчи на теренот, уште 20 минути до крајот.
  • 67′ Гекас ја напушта играта на негово место Фортунис.
  • 62′ Шанса за Самарас од левата страна, но не ја зафати топката како што посакуваше.
  • 58′ Само еден тим во историјата на ЕП има победено од негатива 1:0 и играч помалку, Југославија 2000 година против Словенија.
  • 54′ Жолт картон за Карагунис.
  • 51′ 1:1 Салпингидис го изедначи резултатот на 1:1. Одбраната на Полска му остави подарок, за осми гол во дресот на Грција.
  • 49′ Судијата Карбаљо во шпанската Примера на 19 натпрревари оваа сезона покажа 16 црвени картони, па не е изненадување ни денешниов.
  • 46′ Старт на второто полувреме, Салпингидис е во игра за Грција на местото на Нинис.
  • 45+2′ Крај на првото полувреме
  • 45′ Пожолте и Холебас поради протест.
  • 44′ Карлос Карбаљо му покажува втор жолт картон на Папастатопулос, тој е испратен во соблекувалната. Полска има играч повеќе до крајот.
  • 38′ Перкис бие покрај голот од десетина метри.

  • 36′ Аврам Пападопулос не може да продолжи, Фернандо Сантос ја прави првата измена, го става во игра Кирјакос Пападопулос.
  • 34′ Прв жолт картон на натпреварот за Папастатопулос.
  • 29′ Слободен удар за Нинис, кој лошо го изведува и отвара контра за Пољаците, но Обраниак ја губи топката.
  • 26′ Пољаците ја сменија страната сега напаѓаат од левата страна, Обраниак изнуди два фаула. Грците се обидоа да направат контра, но отсечен е Самарас.
  • 24′ Селекторот на Грција одлучи да не прави измена.
  • 22′ Проблеми за Грција, Аврам Пападопулос е изнесен надвор од теренот поради повреда.
  • 20′ Мирно е на средината на теренот.
  • 17′ 1:0 Слична ситуација како во 14. минута, центаршут од десната страна но Левандовски погоди за огромна радост на трибините. 15 гол за Левандовски во дресот на Полска.
  • 14′ Центаршут од десната страна на Пишчек за Левандовски, кој беше кус за неколку сантиметри, останува 0:0.
  • 11′ Одлично спуштена топка до Самарас, не успева да ја погоди по слободниот удар на Кацуранис.

  • 7′ Внимателна и цврста игра на двете селекции.
  • 4′ Муравски со одлична шанса, Халкиас брани и ја испраќа топката во корнер.
  • 2′ Грција игра со формација 4-3-3 со костас Халкиас на голот, кој има примено само пет голови низ квалификациите.
  • 1′ Полска игра со формација 4-5-1, со Левандовски во шпицот, Грција го имаше почетниот удар.

Почетни состави:

Полска: Шчешни, Бониш, Василевски, Перкис, Пишчек, Полански, Рибус, Обраниак, Муравски, Блажиковски, Левандовски.

Грција: Халкиас, Манијатис, А. Пападопулос, Торосидис, Папастатопулос, Холебас, Карагунис, Нинис, Кацуранис, Самарас, Гекас.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жедната страна на ЕУРО 2012

Ана Ололовска

Балотели заслужува неколку шлаканици

Ана Ололовска

Шпанскиот крал ги пречека европските шампиони

Ана Ололовска

Пред натпреварот со Германија, Балотели ја чул најдобрата вест во животот!

Ана Ололовска

Бакнеж за насловна страна

Ана Ололовска

ФОТО: Како се славеше победата на Шпанија

Ана Ололовска