Полицијата во Дубаи со најбрзи автомобили на светот

Од:

Полицијата во Дубаи претстави 14 нови супер-автомобили од нејзината „флота“, меѓу кои се и „Бугати Вејрон“, „Ферари ФФ“ и „Ламборџини Авентадор“.

Се работи за најбрзи полициски автомобили на светот. На ниту едно друго место во светот официјалните полициски автомобили не се толку брзи како во Дубаи, што е сертифицирано и во Гинисовата книга на рекорди.

Меѓу најбрзите полициски автомобили на светот, шампион е „Бугати Вејрон“, кој достигнува неверојатна брзина од 407 километри на час. Неговиот 16-цилиндричен мотор има 1.000 коњски сили.

Претходниот рекорд и припаѓаше на италијанската полиција, која го поседува „Ламборџини Галардо ЛП560-4“, кој остварува максимална брзина од 370 километри на час.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска