Пол позиција за Луис Хамилтон на последната трка во Ф1

Од:

Возачот на „Мерцедес“ и актуелен шампион Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата на утрешната последна трка во годинешнава сезона во Формула 1.

Тој имаше најдобро време на денешните квалификации што се возеа на патеката „Јас Марина“. Веднаш до него ќе биде неговиот клупски колега од „Мерцедес“, Нико Розберг, кој е лидер во генералниот пласман. Розберг има 367 бодови, а Хамилтон 355.

Битката за шампионската титула во Формула 1 ќе ја решат овие двајца возачи. Розберг за да го зачува првото место потребно е да биде најмалку трет во случај Хамилтон да победи.

Трето време во квалификациите постигна Даниел Рикиардо од „Ред Бул“, а потоа следуваат двата болида на „Ферари“ со Кими Раиконен и Себастијан Фетел. Макс Верстапен од „Ред Бул“ ќе го комплетира третиот ред.

Би можело да ве интересира

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин

Ферстапен далеку пред конкурентите според заработката за минатата Ф1 сезона