Пол-позиција за Хамилтон во Јапонија

Од:

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, ја освои пол-позицијата за утрешната трка за Големата награда на Јапонија.

Актуелниот шампион беше најбрз на патеката „Сузука“ и ова за него е осма пол-позиција сезонава и вкупно 80-та во кариерата.

На второто место заврши неговиот клупски колега Валтери Ботас, додека трет ќе стартува Макс Ферстапен од Ред Бул.

Од четвртата позиција ќе тргне Кими Раиконен од Ферари. Најголемиот ривал на Хамилтон во борбата за титулата, Себастијан Фетел од Ферари, ќе стартува како девети.

Возачите на Мерцедес доминираа на патеката „Сузука“, а за лошите резултати на Ферари во голема мера придонесе и погрешниот избор на пневматици во однос на променливите временски услови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија

Јапонците испишаа историја: Слим слета на Месечината и оствари контакт

А1он