Покетино: Сомнителниот пенал, клучен

Од:

Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино се огласи по поразот на неговиот тим во финалето на Лигата на шампионите од Ливерпул, нагласувајќи дека клучен момент во натпреварот беше досудениот пенал против „петлите“.

Покетино на прес-конференција одржана во мадрискиот стадион „Ванда Метрополитано“ изјави дека клучниот момент се случи во првите 20 секунди со сомнителниот пенал, кој негативно влијаел на играта на Тотенхем.

-Цел свет виде што се случи. Каков било план што сме го увежбале последнивте три недели отпадна по пеналот во 20. секунда. Никој не го очекуваше тоа, а последицата беше многу негативна за играчите, изјави аргентинскиот стручњак.

Маурисио го коментираше и пеналот, велејќи дека не знае дали тоа беше пенал, дека неговиот играч не одел кон топката со рака и дека тоа е одлука на судијата, која ја нарече „несреќа“ која психолошки е тешко да се прифати.

Ливерпул поведе со 1:0 благодарение на пеналот во 24. секунда кога топката го погоди во рака бекот Сисоко, а непогрешлив од белата точка беше Салах.

Би можело да ве интересира

Маркизио жали што не ја освоил Лигата на шампионите

Ван Дајк: Салцбург е одличен тим и тоа го знаевме пред натпреварот

Ана Ололовска

Конте не се помирува со поразот од Барселона

Ана Ололовска

Меси: Ми недостасува ритам во играта

Ана Ололовска

Барселона со пресврт до триумф над Интер

Ана Ололовска

Само бод за Наполи на гостувањето кај Генк