Покетино подготвен да дојде на тренерското место во Манчестер јунајтед следното лето

Од:

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино, е заинтересиран за соработка со Манчестер јунајтед кој го отпушти Оле Гунар Солскјер. Покетино им рекол на своите пријатели дека нема против да ги преземе „црвените ѓаволи“ по завршувањето на сезоната, објави „Тајмс“.

Четириесет и деветгодишниот Аргентинец е незадоволен од својата позиција во парискиот клуб, пишува „Дејли мејл“. Според британскиот весник, Покетино е уморен од тензиите во соблекувалната на ПСЖ во која доминираат „егоистите“ Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе.

Покрај тоа, тренерот се уште живее во хотелот, додека неговото семејство остана во Лондон, каде што претходно беше на чело на Тотенхем.

Манчестер јунајтед веќе размислуваше за кандидатурата на Покетино во декември 2018 година, пред назначувањето на Солскјер, кога бараше замена за Жозе Мурињо. На чело на Манчестер јунајтед во следните натпревари ќе биде Мајкл Керик.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска