Погба стана седмиот играч во историјата на Премиер лигата со четири асистенции на еден натпревар

Од:

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба креира четири асистенции на денешниот натпреварот против Лидс во 1. коло од Англиското фудбалско првенство.

Дваесет и осумгодишниот Французин стана седмиот фудбалер во историјата на англиската Премиер лига што го постигнал ова достигнување.

Пред него тоа го направија Денис Беркамп, Хозе Антонио Рејес, Цеск Фабрегас, Емануел Адебајор, Сантијаго Казорла и Хари Кејн.

Погба го напушти теренот во 75. минута од средбата, на негово место влезе Ентони Марсијал.

Манчестер јунајтед го доби натпреварот со 5:1. Покрај Погба, мечот го одбележа и Бруно Фернандеш со три постиганти гола.

Би можело да ве интересира

Скандал во Премиер лигата: Уапсени двајца фудбалери поради силување

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Кашемиро: Не потценувам, но Премиер – лигата е многу потешка од Ла Лига

Братот на Погба излезе од затвор, не смее да има контакт со него и со нивната мајка

Горан Наумовски

Погба: Рајола ја виде понудата од Јунајтед и ми кажа дека ниту неговиот пес не би потпишал

Матијас Погба ѝ се предаде на француската полиција по обвинувањата за уцена на брат му