Погба со пофални зборови за перформансот на Манчестер Јунајтед

Од:

Пол Погба е задоволен од напредокот постигнат од Манчестер Јунајтед. Според него, екипата веќе има правилен баланс и оди во вистинската насока. Денес, црвените ѓаволи се домаќини на Саутемптон. Доколку не загубат, тие ќе запишат серија од 17 последователни натпревари без пораз на сите турнири, што е најдобро вакво достигнување во последниве седум години. Доколку тимот победи ќе се искачи на третото место во пласманот.

– Може да го наречете вистински тим. Понекогаш порано бевме премногу дефанзивни или премногу офанзивни и го немавме тој баланс и контрола. Сега, гледате дека веќе имаме рамнотежа. Напредокот е огромен,но има уште работа.Ние не сме комплетен тим, но ние сме на вистинскиот пат. Ако продолжиме вака, мислам дека нема што да не спречи да бидеме таму каде што треба да бидеме. Се чувствуваме одлично. Тоа е менталитетот кога имате добри резултати. Секој натпревар е финале и треба да го постигнеме потребниот резултат. Тоа е пристапот, додаде Французинот.

Покрај битката во лигата, Јунајтед продолжува да игра во ФА Купот и Лига Европа.

– Во Јунајтед се се врти околу трофеи, тоа го знаеме. И има трофеи за кои знаеме дека можеме да ги освоиме, рече Погба.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ