Подравка го откажа учеството во Регионалната ракометна лига

Од:

Во новата сезона во женската Регионална лига требаше да учествуваат повторно четири екипи, но тимот на Подравка од Копривница го откажа настапот.

Остануваат три екипи, меѓу кои и македонскиот првак Вардар и ќе се играат планираните турнири, во три денови со по два натпревари.

Домаќин на првиот турнир е екипата на Будуќност. Натпреварите треба да се одиграат во периодот од 13 до 15 септември во Подгорица. Ќе учествуваат екипите на Вардар, Крим и Будуќност.

Вардар е бранител на трофејот од минатата сезона.

Македонскиот претставник својот прв дуел ќе го има на 13 септември против домаќинот Будуќност, а следниот ден (14 септември) се среќава со Крим.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска