По верзиите со посилни мотори, компанијата „Алфа Ромео“ на купувачите во Европа им ги направи достапни и бензинецот со 200 кс и дизелот со 180 кс.
Првиот СУВ на италијанскиот производител од сега е на располагање со основиот 2.0-бензински мотор со 200 кс и 330 Нм максимален вртежен момент во минута.
Овој мотор во целост е изработен од алуминиум, а е поврзан со осумбрзински автоматски менувач. Силата се испраќа на сите четири тркала со помош на „Q4“ системот на „Алфа Ромео“.
Моделот „Стелвио“, што ќе се движи на бензин,, од 0 до 100 километри на час ќе стигнува за 7,2 секунди и ќе развива максимални 215 километри на час.
За љубителите на дизел верзијата тука е, 2,2-литарската единица, исто така, направена од алуминиум, а која ќе испорачува 180 кс и 450 Нм.
Силата се пренесува на задните тркала преку споменатата автоматика со осум брзини, па автомобилот до стотка забрзува за 7,6 секунди и достигнува 210 километри на час.
Двете нови погонски опции им се придружуваат на порано претставениот дизелаш со 210 кс и 470 Нм, бензинецот со 280 кс и 400 Нм и топ варијантата „Квадрифоџио“ (Quadrifoglio) што под хаубата го има моторот на „Фарери 2.9 В6“ , со 510 кс и 600 Нм.