Почнува меморијален турнир во мал фудбал „Бобе Јуниор“ во тетовско Јанчиште

Од:

Меморијален турнир во мал фудбал „Бобе Јуниор“ почнува вечер во 19 часот во тетовско село Јанчиште, во општина Јегуновце.

– На отворањето ќе имаме почесна програма во чест на основачот на турнирот Бобан Симовски-Бобе и неговиот другар Александар Димчевски-Трска, во рамки на која ќе настапи културно-уметничко друштво „Извор“ од Јегуновце по што ревијален натпревар ќе одиграат екипите на ФК Тетекс и ФК Љуботен, изјави Бојан Симовски од организацијата на турнирот.

По ревијалниот натпревар турнирот продолжува со еден натпревар од групите и средба на екипите Бобе Јуниор (Јанчиште) и Плаја Виста (Сиричино).

На турнирот учествуваат 25 екипи од Тетовско поделени во шест групи. Првата фаза од натпреварувањето по групи ќе се игра по бод систем до 9 јуни по што се продолжува со елиминации во осминафиналето. Се играат по две полувремиња од по 15 минути.