Почнува јубилејното дваесетто Светско фудбалско првенство

Од:

Со натпреварот меѓу домаќинот Бразил и Хрватска вечерва во 22 часот ќе стартуваат возбудувањата на јубилејното 20.то Светското фудбалско првенство.

На Мундијалот во земјата на самбата ќе се одиграат 64 натпревари за на 13 јули да го дознаеме најдобриот од 32 земји учеснички кои ќе се борат за вредниот трофеј кој содржи 1,8 килограми злато и е проценет на 10 милиони долари.

Репрезентациите се поделени во осум групи по четири, од кои, двете најуспешни продолжуваат во следната фаза (осминафиналето).

Натпреварите ќе се играат во 12 градови на стадиони од кои најмалиот е со капацитет од 38 илјади, а најголемиот 75 илјади гледачи.

За реновирање и изградба на 12.те стадиони домаќините потрошија 3,6 милијарди долари, а вкупно за организација до овој момент проценките се дека Бразил потрошил околу 11 милијарди долари.

Најмногу титули на Светските шампионати има Бразил – 5, следува Италија со 4, Германија има 3, Аргентина и Уругвај по 2, Англија, Франција и Шпанија која е бранител на трофејот по еднаш биле на светскиот фудбалски трон.

Единствената репрезентација која настапила на сите шампионати е Бразил, а дебитант е Босна и Херцеговина.

Пред првиот натпревар ќе се одржи церемонијата на Свечено отворање на кое е предвидено да настапи Џенифер Лопез која заедно со американскиот рапер Питбул и Бразилката, Клаудија Лејте треба да ја испеат химната на првенството „We Are One“.

Мотото на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) за најголемиот фудбалски настан е „За играта, за светот, за сите во еден ритам“. 

Би можело да ве интересира

Бонучи за можната пресметка со Португалија во баражот за СП: Роналдо знае дека ќе добие удари по нозете

Ана Ололовска

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо

Ана Ололовска

Де Брујне не е против Мундијал на две години

Ана Ололовска

Повеќе од 12 европски тимови сакаат да ја напуштат ФИФА поради плановите за Светското првенство на две години

Ана Ололовска

Нордиските земји против двегодишен Мундијал во фудбал

Ана Ололовска

Албанците се извинија за инцидентите и ги обвинија Полјаците за провокации

А1он