Почнува Европското фудбалско првенство, Македонија дебитира в недела

Од:

Со натпреварот Турција – Италија, вечер од 21 часот стартува Европското фудбалско првенство. Натпреварот ќе се игра на „Олимпико“ во Рим и е од 1.коло во А-групата во која се наоѓаат и селекциите на Швајцарија и на Велс.

Македонската фудбалска репрезентација за противници во дебитантскиот настап на континеталните собири, во групниот сегмент ги доби селекциите на Австрија, Украина и на Холандија.

Воведниот дуел, в недела, макеоднските репрезентативци го играат против Австрициите. За македонскиот фудбал тоа ќе биде првиот натпревар воопшто на големите натпреварувања.

Селекторот Игор Англеовски во еврошампионатот го поведе тимот кој низ квалфификациите се избори за пласманот меѓу најдобрите европски селекции. Предводени од капитенот Горна Пандев нашите репрезентативци го исполнуваат сонот на бројни генерации фудбалери, но и на македонската јавност кој првпат добива шанса да се израдува на настап на еден од најголемите собири во светот на спортот воопшто.

По Австрија, македонските рпрезентативци ќе се соочот со Украина, исто така во Букурешт, а потоа се селат во Амстердам каде ќе го одиграат последнит натпревар од групниот сегмент против Холандија.

Шанса за прогрес во следната фаза имаат двете првопласирани селекции од шесте групи како и најдобрите четири третопласирани.

ЕВРО 2020 ќе се игра во 11 града: Рим, Букурешт, Баку, Копенхаген, Санкт Петербург, Лондон, Амстердам, Глазгов, Севилја, Будимпешта и Минхен. Европското првенство ќе трае до 11 јули.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полска одолеа на шпанските напади

ВИДЕО: Мегадуел со шест гола во Минхен, Германија ја победи Португалија

Елмас: Да одиграме за нацијата и да се одјавиме со победа од ЕУРО

Пандев поради болка во зглобот го пропушти утринскиот тренинг во Амстердам

Катерина Павлова-Николовска

Саутгејт го разбира значењето на мечот со Шкотска

Ана Ололовска

ЕВРО 2020: Бускетс доби негативен тест на коронавирус и ќе се приклучи на шпанската репрезентација

Ана Ололовска