Со двата натпревара кои ќе се играат вечерва ќе биде отворено 13. коло во машката ракометна Лига на шампиони.
Првата средба е во рамките од Б групата, а во неа Цеље го пречекува германскиот тим Рајн-Некар, кој е конкурент на македонскиот првак Вардар за освојување на првото место во групата.
Во првиот дуел од А групата вечерва ќе играат Кадетен Шафхаузен и Веспрем.
Останатите натпревари од ова коло на програмата се викендов, а двојките се: Фленсбург – Силкеборг, Мешков Брест – Вардар, ПИК Сегед – ППД Загреб, Кристијанштад – Киелце, Висла Плок – ПСЖ и Кил – Барселона.
Воедно претстојниот викенд ќе се играат и првите осминафинални натпревари во кои за место во четвртфиналето ќе се борат Мотор Запорожје – Монпеље и Ла Риоха – Нант.
Табела А група: Барселона 22 бодови, ПСЖ 20, Веспрем 14, Фленсбург 11, Кил 11, Висла Плок 8, Силкеборг 6 и Кадетен Шафхаузен 2.
Табела Б група: Вардар 18 бодови, Рајн-Некар 17, Киелце 16, Пик Сегед 13, Мешков Брест 12, ППД Загреб 7, Цеље 7 и Кристијанштад 6.