Почина Вера Николиќ, атлетска и спортска легенда на поранешна Југославија

Од:

Една од најдобрите спортистки на поранешна Југославија, атлетичарката Вера Николиќ, почина во Белград на 73-годишна возраст, јавија денеска српските медиуми.

Поранешната светска и европска рекордерка на 800 метри доживеа мозочен удар на почетокот на оваа година и оттогаш беше во индуцирана кома.

Родена во 1948 година во српското село Грабовац, Николиќ дебитираше во југословенскиот дрес на 16–годишна возраст.

На Европското првенство во 1966 година во Будимпешта го освои златниот медал, а успехот го повтори пет години подоцна во Хелсинки.

Во јули 1968 година, Николиќ го собори светскиот рекорд на трката на 800 метри, кој остана во нејзината сопственост до 1971 година.

Неколку пати ја освојуваше наградата за најдобра спортист на поранешна СФР Југославија.

Би можело да ве интересира

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Поранешна СФРЈ сè уште е жива во Кочани, титовистите го одбележаа нејзиниот 80. роденден

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди

(ВИДЕО) Српската кралица на атлетиката ја освои планетата: Ивана Вулета е светска шампионка