Почина последниот член на шампионската генерација на Германија од 1954

Од:

Хорст Екел, последниот преживеан член на германската фудбалска репрезентација, која во 1954 година ја освои титулата светски првак, почина во петокот на 89-годишна возраст, објави Германската фудбалска федерација.

Поранешниот фудбалер на Кајзерслаутерн беше најмладиот во германската екипа која во финалето на Мундијалот во Швајцарија го совлада фаворитот за титулата Унгарија со 3-2.

Екел минатата недела влезе во Куќата на славни во Музејот на фудбалот во Дортмунд заедно со великаните на германскиот фудбал Франц Бекенбауер, Герд Милер, Сеп Маер и многу други.

Би можело да ве интересира

Кимих најдобар фудбалер на Германија во 2021 година

Ана Ололовска

Баерн не започна преговори со Левандовски поради Холанд

Ана Ололовска

16-годишниот Ванер стана најмладиот дебитант на Баерн во Бундеслигата

Ана Ололовска

Холанд сака да одлучи за идниот клуб до крајот на јануари

Ана Ололовска

Сане трет месец по ред најдобар играч на Баерн

Ана Ололовска

Гројтер Фурт ја прекина серијата од 20 натпревари без победа

Ана Ололовска