Почина поранешниот тренер на Јута, Џери Слоун

Од:

На 79 години почина поранешниот тренер на Јута џез, Џери Слоун.

Оваа тажна вест ја објавија медиумите во САД.

Во 2016 година, на реномираниот тренер му беше дијагностицирана Паркинсонова болест и деменција.

Слоун беше еден од најуспешните тренери во кошарката.

Тој ги предводеше „џезерите“ 23 сезони (1988-2011), двапати го водеше тимот до финалето во НБА (1997, 1998).

Под водство на Слоун, Јута забележа 1.223 победи.

Како играч, Слоау двапати стана учесник во НБА-ол-стар натпревар (1967, 1969).

Во 2009 година, Џери Слоун беше примен во кошаркарската „Куќа на славните“.

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа