Почина поранешниот прв човек на Олимпиското движење Жак Рог

Од:

Поранешниот долгогодишен претседател на Меѓународниот олимписки комитет, Жак Рог, почина на 79-годишна возраст, соопшти денеска ИОК.

Белгиецот Рог, кој настапи на три последовни олимписки игри (1968, 1972, 1976) во дисциплината едрење, а во младоста беше и рагби играч, застана на чело на олимпиското движење во јули 2001 година, наследувајќи го на функцијата Бразилецот Хуан Антонио Самаранч,

– Целото олимписко движење е во длабока жалост поради загубата на голем пријател и страстен љубител на спортот, изјави претседателот на ИОК, Томас Бах, кој го наследи Рог на должноста во 2013 година.

– Прво и најважно, Жак беше вљубеник во спорот и беше со спортистите, пренесувајќи ја својата страст кон спорот на сите што го познаваа. Неговата радост во спорот беше заразна. Тој беше успешен претседател, кој помагна во модернизација и трансформација на ИОК, истакна Бах.

Би можело да ве интересира

Почина О. Џ. Симпсон

Горан Наумовски

Почина Слаѓана Милошевиќ

Катерина Ѓуровски

Почина Мирко Попов

Катерина Ѓуровски

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Почина креаторот на манга стрипот „Dragon Ball“

Почина бодибилдерот Мирко Петровски

Катерина Ѓуровски