Почина македонската ракометна легенда Боро Чурлевски

Од:

Денеска во Битола на 49 годишна возраст, почина македонската ракометна легенда Боро Чурлевски.

Боро Чурлевски, ракометар на РК „Пелистер“ долги години го носеше дресот на македонската ракометна репрезентација со која во 1998 година  учествуваше на Европското ракометно првенство во Италија и во 1999 година на Светското ракометно првенство во Египет.

Познат по своите ракометни мајстории, Чурлевски кој настапуваше на позицијата среден бек, во својата ракометна кариера настапи во повеќе клубови во странство, а извесен период беше тренер на ракометните клубови „Килкис“-Грција, „Кастриоти“-Косово, женската ракометна екипа „Патра“ од Грција, а смртта го затекна како шеф на стручниот штаб на РК „Прилеп“ од Прилеп.

Погребот на ракометарот Боро Чурлевски ќе се изврши утре во Битола.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ